Урбан инвест ја доби тужбата против ФЕНИ индустри заради загадување на животната средина

Од:

Компанијата Урбан инвест ДОО од кавадаречко Возарци ја доби тужбата против ФЕНИ ИНДУСТРИ заради загадување на животната средина со штетни емисии на прашина и чад.

Тужениот ФЕНИ ИНДУСТРИ има фабрика со погони за примарна преработка на руда која е лоцирана во непосредна близина на село Возарци.

Тужителот Урбан инвест пак има фабрика, која е лоцирана во непосредна близина на ФЕНИ ИНДУСТРИ и се жали на големо загадување со нечистотија од прашина и чад поради процесот на обработка на рудата, како и нејзиниот транспорт. Како што е наведно во тужбата, тужителот се жали и на нарушена безбедност на сообраќајот и загрозеност на здравјето и животот и на сите учесници во сообраќајот кои поминуваат по патот во близина на комбинатот ФЕНИ.

Согласно пресудата од Основниот суд Велес, ФЕНИ ИНДУСТРИ се задолжува да и исплати на Урбан инвест надомест на штета од 600 илјади денари, како и нематеријална штета во износ од 13 милиони денари. Воедно се задолжува тужениот да преземе мерки со кои ќе се спречи натамошно нанесување штета.

Би можело да ве интересира

Намерно предизвикале стечај – Финансиска полиција поднесе кривични за двајца екс управители на „Еуроникел Индустри“

Катерина Ѓуровски

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ