А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Управниот суд го одби Живко Митревски, претседател на ССМ останува Дарко Димовски

by А1он02/10/2017 - 12:4902/10/2017 - 12:502081
Share0

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на Живко Митревски со која бара судот да донесе решение за времена мерка против решението на Министерството за труд и социјална политика, односно решение со кое би му се забранило на лицето Дарко Димовски да го застапува како Претседател Сојузот на синдикати на Македонија се до правосилно завршување на управниот спор.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Управниот суд, Министерството за труд и социјална политика со оспореното решение не го повредил законот на штета на тужителот согласно член 37 став 1 од Законот за управни спорови во кој се вели дека законитоста на оспорениот управен акт, судот ја испитува во границите на барањето од тужбата, но при тоа не е врзан со причините на тужбата и согласно член 124 став 1 алинеја 1 и 3 од Законот за општа управна постапка во кој се вели дека за ништовен се огласува управниот акт кој во управната постапка е донесено во работа од судска надлежност, или во работа за која воопшто не може да се решава во управната постапка и чие извршување воопшто не е можно.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Од посебниот предлог тужителот бара Управниот суд да донесе решение за времена мерка со кое се забранува лицето Дарко Димовски да се претставува и да го застапува сојузот на синдикатите на Македонија како Претседател на истиот до правосилно завршување на управниот спор. Судот најде дека нема услови за определување на времена мерка во смисла на член 15 став 1 во врска со член 14 став 2 од Законот за управните спорови, па одлучи дека тужбата е неоснована, се вели во пресудата на Управниот суд.

Тужителот има рок од 15 дена да поднесе жалба против оваа пресуда на Управниот суд.

Виктор Јованов

dimovskimitrevskissm

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 13:14

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 12:48

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 07:44

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:24

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Горан Наумовски20/04/2026 - 12:21

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 14:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто