Управителот на „Силекс неметали“ треба да сведочи во случајот на Сеад Кочан

Од:

Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи ново рочиште за слуачјот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан.

На рочиштето исказ треба да даде вториот сведок, а тоа е управителот на „Силекс неметали“.

На минатото рочиште, СЈО го испраша првиот сведок во случајот „Труст“ дали се негови фактурите и потписите за купопродажниот договор кој не се реализирал меѓу „Транс Мет“ и „Фичо сервис“. Станува збор за купопродажни договори кои фирмата на Кочан, „Транс Мет“, ги потпипала со скопската фирма за набавнка на машини, но никогаш не ги купила.

Феим Имери, сопственикот на фирмата „Фичо Сервис“, сведочеше дека фактурите и договорите се од него, ама за дел од нив не можеше да потврди дека потписот е негов.

Според обвинението, трите фирми, меѓу кои и „Транс Мет“, во 2011-та година добиле тендер од ЕЛЕМ за ископ на јаглен, но дел од машините кои се барале во тендерот ги немале, а приложиле лажна документација дека ги имаат.

В. М.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Сеад Кочан иако требаше, се уште не се пријавил во Идризово

Виктор Јованов

Кочан мора веднаш во затвор, не успеа да ја одложи казната

Виктор Јованов