Управен суд одлучува за седумте тужби на Европскиот фронт

Од:

Управниот суд денеска ќе донесе одлуки за седумте тужби поднесени од Европскиот фронт за изборните резултати по парламентарните избори по прифаќањето на приговорите од страна на ДИК што го отвори патот за прегласување на шест избирачки места во Петатта и на едно избирачко место во Шестата изборна единица.

Управниот суд информира дека по поднесени седум тужби од Коалицијата „Европски фронт“ на парламентарните избори 2024 година против решенија на ДИК оформени се предмети и дека ги преземаат сите процесни дејствија согласно Изборниот Законик.

-Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот Законик, се вели во соопштението од претседателот на Управен суд Бурим Сејдини.

Управниот суд вчера одржа јавна седница по тужба на Коалицијата „Вреди“ по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. Постапката беше прекината, откако претставникот на Коалицијата „Вреди“ изјави дека ја повлекува тужбата во целост.

До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 27 приговори за парламентарните избори – девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Прифатени беа седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица. Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино.

Би можело да ве интересира

Управниот суд ја поништи одлуката за изборот на уставниот судија Елизабета Дуковска

Горан Наумовски

Пратеници од Европски фронт ќе се приклучат на ВРЕДИ, Меџити не потврдува дали е тоа крилото на Села

Катерина Ѓуровски

Имаат скоро 80 пратеници, но тие воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европски Фронт

Ахмети: Го цениме потегот на Таравари, тој брзо сфати тека оваа влада е антиалбанска

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Комисијата која заглави поради Законот за бранителите останува блокирана, пропадна обидот на Гаши да ја нормализира состојбата

Катерина Ѓуровски