Унгарската опозиција бара екстрадиција на Груевски: Криминалецот Груевски доби азил без согласност на народот

Од:

Три унгарски опозициски партии преку отворено писмо бараат експремиерот Никола Груевски да биде екстрадиран во Македонија. Социјалистичката партија, Дијалог за Унгарија и Демократска коалиција велат дека Владата на Орбан треба да е свесна дека не го претставува само унгарскиот народ, туку сите граѓани на Европската Унија.

„Владата на Орбан има ист третман кон сите граѓани кои се проруски ориентирани, без разлика дали се Унгарци или државјани на Евроска Унија, исто како што е проруски-ориентираниот криминалец Никола Груевски. Неприфатиливо е тоа што Никола Груевски доби азил во Унгарија, без согласност од унгарскиот народ“, пишува во писмото од тртите партии.

Тие ја повикуваат Владата на Унгарија да се врати на европскиот пат и да ги почитува европските стандарди, основните вредности на Европската Унија и човековите права.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски

Падот на производството во нуклеарната централа Пакш го загрозува форинтот

Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија

Унгарски: Унгарија се соочува со пет најкритични денови