УНЕСКО побара мораториум за градење во Охрид

Од:

Нелегалните градби што не ги гледа Општина Охрид ги виде УНЕСКО. Во последниот извештај УНЕСКО нотира природното богатство на градот да биде ставено на листата на загрозено светско наследство. Ваквата реакција доаѓа по низата платформи на кафетериите што се навлезени во езерото, најавите за градење на Галичица, хотелот во Лагадин, кој се гради на самиот брег, но и градбите во целиот регион, кој е заштитено богатство. Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

„Да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното подрачје, а да се срушат сите оние што претставуваат опасност“, заклучува УНЕСКО во последниот извештај.

Од еколошката организација „Фронт 21/42“ велат дека штетата е направена во текот на годините со неконтролирано градење и легализација на дивоградби, а сето тоа на штета на културното наследство. Во 2017 година УЕНСКО даде препораки, кои не се почитувале, додаваат од „Фронт 21/42“.

„Во Охрид и Струга е катастрофа. Нема задружвање на типичните градби, упорно се легализираат дивоградби. Во 2017 година се порепорача Општина Охрид да прогласи мораториум. Но, наместо тоа, масовно се легализираа дивоградби. Од ноември 2017 до април 2019 година се легализирале 250 дивограби. Затоа ја имаме денешната реакција. Требаше само политичка волја за да го решиме ова прашње. Наместо тоа, ние се одлучивме да мачкаме очи. Е, сега, УНЕСКО ги зеде работите во свои раце. Ова навистина мора да прекине. Ситуацијата одамна е лоша, сега е сè полоша и полоша. Ако го изгубиме езерото, кое постои 4 милиони години, сите ќе бидеме одговорни за тоа“, вели активистката Александра Бујароска од „Фронт 21/42“.

Директорката на Заводот и музеј Охрид, Елеонора Новаковска, остана недостапна за коментар за тоа што ќе преземат по оваа реакција на УНЕСКО. Ниту Општина Охрид, од каде што ќе треба да кажат дали ќе прогласат мораторум за градење во целиот град, не одговара на поставените прашања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сугарески: Реконструкција на многу патишта немаше од времето на Тито, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош

Предраг Петровиќ

Антикорупциска влезе во Охрид и Струга – проверува кои плажи немаат концесионери и работат на диво

Кристијан Ландов

На 8 септември ќе се одржи традиционалниот „Охридски атлетски маратон“

ВИДЕО: Сериозна ситуацијата со пожарот во Охрид, заседава кризниот штаб

Татјана Ташкова

Пожар во селото Опеница, чадот се шири кон Охрид

Татјана Ташкова

Во водите на Охридското Езеро ќе се плива десеткилометарска трка во рамки на Европскиот ЛЕН куп