Унагрија уште на 5 август го одбила барањето за екстрадиција на Груевски

Од:

Министерството за правда уште на 5 август го примило единственото известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука оти не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, бидејќи на негово барање му е одобрен азил во Унгарија, потврдуваат од Министерството за правда, нагласувајќи дека формалното известување за ова не е нова вест.

„Согласно акт бр XXXVIII за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е даден азил нема да се екстрадира во државата од која избегал. Затоа Министерството за правда на Унгарија го одбива барањето за екстрадиција“, стои во известувањето кое нашето Министерство го добило на почетокот на август.

Министерството за правда два пати бараше екстрадиција на Груевски – како осуден во случајот „Тенк“ и како осомничен за настаните од 27 април 2017 година.

Би можело да ве интересира

Лидерот на унгарската опозиција: На изборите избираме помеѓу Европа и турски совет на диктатори

А1он

Орбан бара унгарската армија да ја штити критичната енергетска инфраструктура

Бунфорт: Северна Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ

Орбан: Зеленски мора да знае дека со напад на Унгарија може само да изгуби

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Орбан: Зеленски директно се вмеша во изборната кампања на Унгарија