УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Ако не градите, барем не уништувајте

Од:

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денес во Куманово ги обвини членовите на СДСМ дека уништиле, нивен пропаганден материјал. Според нив членовите на СДСМ исчкртале и напишале погрдни зборови на нивните плакати.

Нагласија дека нивното недолично однесување се гледа од лепењето на плакати со ликот на кандидатот за градоначалник, Зоран Дамјановски на споменикот на плоштадот пред Центарот за култура во Куманово.

Оваа зад мене не е само еден обичен изрезбан камен, оваа е нашето културно и историско наследство, симбол на слободно и независно Куманово. СДСМ си зема за право да го покрие споменикот со ликот на својот кандидат, кој во овие 8 години не најде време, ниту денар да вложи на овој плоштад. СДСМ во изминативе 20 години не најде време за одржување на нашето културно и историско минато. Ако не градите барем бидете достојни да не уништувате, да го сочувате и онаа малку ни што остана – изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Срѓан Ивановски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово