Украдени регистарски ознаки на македонско возило во Солун

Од:

На Граничниот премин „Богородица“ вчера е пријавен нов случај на украдени регистарки ознаки на возило  на македонски државјанин во Солун, Грција.

Случајот е пријавен од страна на лицето З.М. од Прилеп во чија сопственост е возилото марка „Форд“ на кое е одземена предната регистарска ознака на возилото.

Кражбата на регистарската ознака, соопшти денеска МВР, се случила вчера во Солун. Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција

Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува четиринаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари