Укината препораката за превривање на водата за пиење во Неготино

Од:

Укината е препораката за превривање на водата за пиење во Неготино и таа може да се пие, изјави денеска директорката на јавното претпријатие „Комуналец” од Неготино, Наташа Лазова.

Таа посочи дека обилните врнежи од дожд на подрачјето на Тиквешијата изминативе денови придонеле да дојде до заматување на водата за пиење која до граѓаните на општина Неготино доаѓа од регионалниот водовод Лукар.

– Водата беше заматена и покрај зголеменото присуство на хлор во неа. Врз основа на направените согледувања и мерења на нејзината заматеност, во понеделникот ги информиравме граѓаните на општина Неготино дека водата за пиење пред нејзината употреба задолжително треба да се преврива, истакна Лазова.

Таа нагласи дека редовно се следи состојбата на терен и за секоја промена населението навреме се информира.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он