УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 јануари треба да поднесат Годишен извештај

Од:

Фирмите кои организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецов да поднесат Годишен извештај во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата година.

Пополнетиот „Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари“, организаторот на зелениот пазар треба да го достави до даночната канцеларија на УЈП во седиштето на даночниот обврзник или по електронски пат преку е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk најдоцна до 31 јануари 2013 година, кога и истекува законскиот рок за завршување на оваа обврска.

Доколку до 31 јануари, организаторот на зелениот пазар не поднесе Годишен извештај законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност.

Образецот „ПДД/ГИ-ЗП“ за поднесување на Годишен извештај може да се преземе преку веб-страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/128 .

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов