УЈП ја затвори единствената продавничка во Лакавичкиот регион

Од:

Управата за јавни приходи денеска ја затвори единствената продавница од која се снабдуваат шест села во Лакавичкиот регион, јави Телма.

Жителите кои дојдоа да си купат леб се револтирани, бидејќи повеќе од нив се стари и изнемоштени луѓе, кои живеат сами. Сега ќе мора да патуваат 16 километри до следната продавница која се наоѓа на влезот од Штип.

Во селото Лакавица живеат околу 150 жители, но оваа продавница е единствена и за жителите од околните села Балталија, Горачино, Пухче, Степанци и Суво грло, каде исто така живеат само стари луѓе.

Сопствениците на продавницата веќе имаат казна од 4.750 евра која треба да ја платат на УЈП. Не сакаа да говорат пред камера, но велат дека по оваа казна веќе не размислуваат повторно да ја отворат. Жителите на село Лакавица најавија дека вечерва ќе имаат средба на која ќе одлучат какви мерки ќе преземат, а најрадикалната е блокада на патот Штип-Радовиш кој поминува низ сред село.

Бараат државата да ги намали драконските парични казни или пак сопствениците на вакви дуќани најпрвин да ги опоменува и да има поголема хуманост кон обичните луѓе.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов