УЈИЕ со свечената церемонија за промовирање на седумнаесеттата генерација апсолвенти

Од:

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово одржи церемонија на која ги претстави дипломираните студенти од седумнаесеттата генерација апсолвенти од академската 2020/2021 година. На околу 400 апсолвентите им беа доделени дипломите за завршено високо образование, а честитки добија од претседалот на одбор Клаус Тотерман, претседателот на Собранието Талат Џафери и министерката за образование Мила Царовска.

– Имаме можност да споделиме задоволство од радоста на студетните кои денес дипломираа во оваа академска специфична но убава академска 2020/2021 година. И ги добиваат дипломите што значат потврда на нивниот труд и заложба да станат академски граѓани кои се надевам ќе продолжат да живеат и работат овде во својата родна земја, а стекнатото знаење ќе го искористат максимално да ги постигнат личните цели и со тоа ќе помогнат на севкупниот општествен економски напредок на нашата земја. Мој совет до вас е – Постувавајте си цели и трудете се да ги исполните. Вработете се, бидејќи економската независност од семејството и финансиската стабилност се драгоцени работи за секој човек особено за младите но најдете време да се образувате. Било да е тоа во формално образовен систем повисок степен од овој или неформален, истакна министерката Мила Царовска.

Ректорот д-р Абдулменаф Беџети посочи дека дипломираните студенти се гордост на Универзитетот.

– Ова посебен ден за вас и вашите семејства кој остава траги и во вашиот живот. На ова заедничко патување имате најразлични сеќавања од предавања, испити, професори, студентски активности од социјалниот живот во кампусот кој никогаш нема да го заборавите. Секако студентскиот живот има и предизвици, можеби и некое непријатно инцидентно сеќавање но едно е сигурно. Ниту едно непријатно однесување немало лоша намера, доколку тоа се случило јас се извинувам во име на сите. Мултикултурниот и мултијазичниот амбиент и студенскиот соживот не прават посебни не само во земја туку во регионот. Околу 40 отсто од студентите добиваат стипендии врз основа на фискална субвенција од Владата што ја довиваме. Најновото рангирање на Универзитет не прави најдобри не само во земјата туку и во регионот, истакна ректорот Абдулменаф Беџети.

Доделени беа посебни признанија на студентите со највисока просек на оценки од секој факултет. Од Правен факултет за Алила Пајазити, од Факултетот за современи науки и технологии на Фетим Шерифи, од Факултетот за современи општествени науки на Саранда Ајдари, од Факултетот за јазици, култура и комуникаци на Фисник Џелили и Неда Јосифоска и Мелике Исенова од Факултетот за бизнис и економија.

– Најпрво сакам да изразам благодарноста до професорите чија посветеност ќе ни отвори многу врати во иднина. Исто така да се заблагодарам на нашите родители за безусловната љубов и поддршка која ни дадовте за време на студирањето. И покрај сите потешкоити на кои наидовме тука сме заедно подготвени за следните предизвици, истакна студентката Неда Јосифоска

По завршување на церемонијата за доделување на дипломите, Универзитетот организираше и активности во рамки на Отворен ден за заинтереситраните за студирање на оваа висообразовна институција.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите