УХМР: Невремето се движи кон Куманово

Од:

По невремето со силен дожд и град што попладнево го зафати Скопје, во северните делови од земјава се уште има услови за нестабилно време.

Како што велат од УХМР, нестабилната воздушна маса во моментов се движи кон Куманово.

-Скоската котлина потпладнево ја зафати нестабилна облачна маса проследена со интензивен пороен дожд, грмежи, а наместа паѓаше и град. Нестабилната маса се движи од запад кон исток. Зафатена е и Кумановската котлина. Во северните делови попладнево се уште има услови за нестабилно време, инфрмираат од УХМР.

Невремето во Скопје поплави улици во неколку населби, додека во други делови од градот интензитетот на врнежите беше послаб.

УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Се очекува и намалување на темепратурите до 28 степени.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Оркански удари на ветер до 134 километри на час во вчерашното невреме, вредности блиску до историски рекорди

Катерина Ѓуровски

Над 30 повредени во невремето во Скопје третирани во болницата „Свети Наум Охридски“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“