УХМР најавува дожд и ветер во следните денови, во петок и драстичен пад на темепратурата

Од:

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе се намали, информираат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Сончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно и пад на температурата

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување

Пеколни 40 степени, топло ќе биде и ноќе

Катерина Ѓуровски

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Продолжува топлотниот бран во земјава

Катерина Ѓуровски

Портокалова фаза, 40 степени и здравствени ризици

Катерина Ѓуровски