УХМР: Интензивно топење на снегот од планините го зголеми водостојот на реките, внимателно движење во сливните подрачја

Од:

Топлото време и високите надпросечни температури на воздухот за овој период од годината условија интензивно топење на снегот од планините и зголемување на водостојот на реките низ земјава и тоа најмногу на оние кои доаѓаат од повисоките планински масиви, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР предупредуваат за внимателно движење покрај реките и суводолиците, особено во сливните подрачја кои доаѓаат од повисоките планински делови и каде има можност за интензивно топење на снегот во наредните денови.

– Поради високите како дневни, така и ноќни температури, топење на снежната покривка има дури и на повисоките планински делови со поголема надморска висина, што придонесува за забрзано зголемување на водостојот на водотеците низ земјава и тоа најмногу на оние кои доаѓаат од повисоките планински масиви, каде што се уште има поголеми количини на снег. Топлото време и високите температури на воздухот ќе продолжат и во текот на денешниот ден, но и во наредните денови, така што за очекување е да биде висок водостојот на реките низ земјава, се вели во соопштението од УХМР.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска