Претставникот на граѓанската иницијатива „Македонија блокира“, Драган Угриновски најави дека 84 партии и организации следната сабота, први декември, во 12 часот, ќе организираат голем протест пред Собранието на Република Македонија.
„Во ист ден, во исто време, внатре ќе се гласа за уставните амандмани, а надвор граѓаните ќе ја бранат државата. Влегуваме во финална битка против марионетската власт и нејзините надворешни соработници. Важно е како Македонци да останеме свои на своето. Победата треба да ја добиеме со масовни протести. Целта е распуштање на власта и избори“, рече Угриновски.
Тој додаде дека ова е финална битка со власта и повика на излезност на протестот без разлика на политичката ориентација. Од иницијативата „Македонија блокира“ велат дека ќе останат на улица се до распуштање на власта.
Кристијан Ландов