Угостителите бараат од Владата укинување на ограничувањата

Од:

Укинување на ограничувањето на работното време и на одлуката за забрана со работа во внатрешните делови на угостителските објекти или во најмала рака дозвола за работа во внатрешноста на оние објекти кои имаат „златен сертификат“, се дел од барањата што Независната угостителска комора утрово ги испратила до Комисијата за заразни болести и до Министерството за здравство.

Од НУК бараат да се укине и забраната за настап на музички групи во угостителските објекти и да се дозволи одржување на настани, прослави и веселби во сите угостителски објекти согласно предлог-протоколите што треба да се изготват. Се предлага да се дозволи на иста маса соодветно да седат шест или повеќе лица.

– Во случај кога се работи за една цела фамилија (традицонални фамилии од повеќе генерации) со повеќе од четири лица, да се дозволи да можат како фамилија да седнат сите на една маса, а не да ги навредуваме фамилијарните вредности и да ја делиме фамилијата која живее под еден ист кров на две или повеќе маси само затоа што истата е поголема од четири лица, наведува НУК.

Од НУК очекуваат дека Комисијата за заразни болести ќе ги земе предвид овие нивни предлози при креирањето на новите мерки.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска