Учество на претседателот Пендаровски на состанокот на Северноатлантскиот Совет на Самитот во Мадрид

Од:

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на Самитот на НАТО во Мадрид, учествуваше и се обрати на првата сесија на состанокот на Северноатлантскиот Совет, кој се одржува на ниво на шефови и на држави и Влади и со кој претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски посочи дека со цел успешно справување со асиметричните закани и предизвици, потребно е зајакнување и адаптирање на одбранбените капацитети на НАТО и во таа насока Северна Македонија дава целосна поддршка на новиот Стратегиски концепт на НАТО, документ кој треба да ги даде насоките за идните задачи на Алијансата. Потребно е, додаде тој, да испратиме силна порака за нашето заедништво како сојузници во овие времиња на нестабилност и зајакнување на авторитаризмот.

Претседателот Пендаровски ја повтори поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признати граници и посочи дека Северна Македонија дава целосна поддршка за Сеопфатниот пакет на НАТО за поддршка на Украина. Во таа насока, тој истакна дека изразуваме солидарност со нашите сојузници од Источното крило и дека земјава ќе продолжи со активностите во рамки на југоисточното крило на Алијансата. Претседателот воедно посочи дека Западниот Балкан е регион од стратешка важност, чија иднина е во НАТО и ЕУ, и НАТО треба да продолжи со зајакнување на партнерите преку поддршка на нивните капацитети и отпорност кон малигни актери.

Во своето обраќање претседателот истакна дека НАТО останува единствен, суштински и неопходен трансатлантски форум за консултации, координации и акција за сите прашања кои се поврзани со нашата индивидуална и колективна безбедност, посочувајќи дека ни се потребни повеќе ресурси за одржување на амбициите за НАТО 2030, а со цел Алијансата да се адаптира на задачите кои и претстојат во иднина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!

(ВИДЕО) Пендаровски: На 24 април заокружете број еден за стабилност во следните уште пет години

Горан Наумовски