Учесниците на маратонот со дарување епрувета крв може да станат дарители на коскена срцевина

Од:

Универзитетската Клиника за хематологија денеска соопшти дека за време на одржување на Виз Ер скопскиот маратон на 4 мај со почеток во 8 часот, на штандот бр. 20 на Клиниката може да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

На штандот ќе бидат ангажирани стручни тимови од Клиниката и Институтот за имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, кои стојат на располагање да го објаснат процесот на зачленување во регистарот. Ќе бидат обезбедени услови за дарување на една епрувета крв-5 милилитри кои се доволни за да се направи ХЛА типизација. Со овој гест ќе станете дел од глобалното семејство кое брои над 30 милиони доброволни дарители на коскена срцевина во светот, посочуваат од Клиниката.

Потсетуваат дека е во тек национална кампања „Биди срцевина, биди херој“, што ја спроведува Клиниката во соработка со Институтот за имунологија и хумана гентика, а со поддршка од Министерството за здравство.

Целта на кампањата, како што се наведува, е подигнување на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Од Клиниката апелираат сите учесници на маратонот да ја покажат својата хумана и солидарна страна и да се впишат во регистарот.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ