Учениците и професорите не ја препознаваат дискриминацијата во училиштата

Од:

Дискриминацијата се уште не се препознава во училиштата, ниту од страна на ученциите ниту од професорите, покажува мониторингот од спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во Македонија за 2013, што го спроведе Коалицијата на младински организации СЕГА, со поддршка на Детската фондација „Песталоци“ од Швајцарија и канцеларијата ан УНИЦЕФ во Македонија.

Директорот на Коалицијата СЕГА Зоран Илиески  на денешната промоција на заклучоците од мониторингот истакна дека главна препорака е институциите од образовниот систем да преземат чекори за едукација на образовниот кадар, односно правата на дискриминација на децата.

– Кога станува збор за учеството на децата во училиштето секогаш се зема во предвид дека учениците ги прашуваат за небитни прашања, како одење на ескурзија, но никогаш не се прашуваат за нивните интереси и во донесување одлуки внатре во училиштата. Тоа е факт што се заснова на постоењето на самата структура на училиштата, за формирање организации каде учениците заедно со професорите ќе учествуваат во донесување одлуки, рече Илиески.

Препораката од истражувањето, според него, е на локално, училишно, регионално, па дури и на ниво на држава, дека мора да се направат реформи во образованието, каде што ќе биде задолжително формирањето на училишната заедница, преку која понатаму ќе се загарантира учеството на децата во донесувањето одлуки. Тие промени, додаде Илиески, ќе значат формирање на национална унија на средношколци, која ќе биде национален партнер на договори, преговори за било која реформа што се случува во образованието.

– Неопходно е да се почне циклус на едукација на наставниот кадар за да може да ја препознаат дискриминацијата, но и на учениците за да може да се реагира. Фактот што нема поднесено претставка која се однесува на дискриминација, не значи дека нема дискриминиација во училиштата. Кога разговараме со учениците во фокус групите гледаме дека има дисркиминација, но и самите не се свесни или не ја препознаваат доволно за да може системски да се продолжи да се комуницира, истакна Илиески.

Васка Бајрамовска – Мустафа, заменик народен правобранител задолжен за детски права посочи дека во рамки на Канцеларијата на народниот правобранител постои посебно одделение за заштита на деца и лица со посебни потреби, кое би требало биде цел каде децата треба да дојдат и да ги искажат своите ставови или размислувања во однос на почитувањето или непочитувањето на човековите права.

– За разлика од претходните години лани забележан е извесен напредок во тој дел заради тоа што и децата почнаа да го препознаваат Народниот правобранител како орган што ги штити нивните права, на кој може да се доверат и да интервенира во нивно име. Иако за жал во најголем број случаи за заштита на правата на детето поднесуваат преставки до Народниот правобранител, пред се родителите или организации кои постапуваат за заштита на правата на детето, рече Бајрамовска – Мустафа.

Прекршувања на правата на детето забележа дека има насекаде почнувајќи во семејните права, во образованието, во делот на здравствената заштита или на лицата со посебни потреби.

– Народниот правобранител во сите случаи апелира и укажува до надлежните органи во сите постапувања да се има предвид најдобриот интерес на детето и секако негово учество, да се слушне мислењето на детето, онака како што налага Конвенцијата за правата на детето имајќи ја предвид возраста и зрелоста на детето, истакна Бајрамовска – Мустафа.

При посетите на основните и средните училишта и разговорите со децата без присуство на наставниците, за нивните согледувања и размислувања за како тие гледаат на нивните права и обврски и што би смениле тие во училиштата, децата се отвараат и зборуваат отворено.

– Но констатацијата за жал е тоа дека децата сеуште не доволно ги познаваат своите права. Не препознаваат што е право, а што е нивна обврска, уште помалку знаат за механизмите за заштита, како да се обесхрабрени да бараат соодветна заштита, бидејќи во најголемиот дел од разговорите што ги водиме укажуват на тоа дека „нас никој не не прашува“, иако би требало најголем дел од она што се случува во образованието се однесува на нас, изјави Бајрамовска – Мустафа.

Во однос на училиштето таа ифнормира дека Народниот правобранител најчесто добива поплаки во делот на неостварување на правото за бесплатен превоз, кој согласно Законот за основно и средно образование е задолжително бесплатно. Во таков случај онаму каде што има елементи бараат остварување на ова право за да може детето непречено да го оствари правото на образование.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел