Учениците Албанци од струшко Подгорци одат на училиште, но нема кој да им предава

Од:

Родителите на учениците од спорните албански паралелки во струшкото село Подгорци како што најавија така и направија.

Од вчера продолжија да ги пуштаат децата во училиштето во Подгорци. Симболично влегоа во училишната зграда , поседоа кратко време и излегоа. Со тоа како што велат сакаат да укажат на надлежните дека не отстапуваат од нивниот став за учење на албански во Подгорци.Сето тоа се случуваше под силно полициско обезбедување поради тензичнат атмосфера дека може да дојде до некој инцидент и во присуство на набљудувачи на ОБСЕ.

Од директорот на училиштето „Гоце Делчев“ во Подгорци, како и од надлежните институции во државата и општината бараат да им обезбедат наставен кадар за да може без проблем наставата да ја следат на албански јазик

„Подготвени сме како родители секој ден со нашите деца да одиме во училиште и да ги бараме правата на нашите деца кои ни се загарантирани со Устав и со сите меѓународни конвенции за заштита на правата на децата.Нема да дозволиме нашите деца да бидат одселени од Подгорци заради некои партиски цели.Подготвени сме и понатаму да опстоиме на нашиот став да не ги пуштаме децата во Лабуништа“, велат родителите.

Неофицијално, родителите се подготвени доколку државата и општината не одговорат на нивните барања, паралелките на албански јазик во Подгорци да продолжат да функционираат, и од сопствени средства да обезбедат услови и наставен кадар за следење на наставата.Тие тоа го најавија уште за време на протестите минатата недела пред зградата на општината.

Оваа учебна година на настава на албански јазик биле запишани само 4 ученици.Родителите тврдат дека малиот број е резултат на одредени притисоци и заплашувања од одредени фактори.Ако нема решение на проблемот остануваат на ставот дека ќе бараат помош од властите во Тирана и Приштина.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он