Убиство во Тетово: претреси на три локации, еден приведен

Од:

Во врска со настанот во кој на 05.07.2024 во Тетово, едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, МВР – Биро за јавна безбедност се преземени дополнителни мерки за пронаоѓање на лицето за кое постојат основи на сомневање дека е потенцијалниот сторител информира Министерството за внатрешни работи.

– По издадени наредби од страна на Основен суд Тетово извршени се претреси на три локации во село Гајре, од каде се одземени предмети кои може да бидат корисни за расчистување на настанот, а во Полициска станица Тетово едно лице е задржано на информативен разговор. Целокупните дејствија се преземаат во координација со надлежното Јавно обвинителство, а во целиот случај од првиот момент се вклучени и полициски службеници од Одделот за крим полиција при БЈБ, се вели во соопштението од МВР.

На 5 јули, петок во 20.35 часот било пријавено во тетовската полиција дека на улица „Штипска“, во близина на угостителски објект, едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало.

По убиството, според информацијата на МВР, бил одржан работен состанок во просториите на СВР Тетово на кој учествувало раководството на СВР Тетово, на криминалистичка полиција, на економски криминал и на полициска станица Тетово, на кој се дадени прецизни насоки за понатамошно постапување. Јавното Обвинителство вчера информираше дека тетовски обвинител дал наредби за обдукција на убиениот, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор, а возилото и други траги се подигнати за вештачење.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он

Убиство во Мостар, се утврдува идентитетот на починатиот

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му