Убиство во Росоман, син си ја закла мајката. Оваа информација ја потврди доктор Ратко Грков, од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој бил на местото на повик во Росоман.
– Нашата екипа беше повикана и на лице место констатиравме убод со нож во вратот. Од повредата, жената почина на самото место, појасни Грков.
Засега нема повеќе детали за случајот.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
