Убиство во Бутел: пукано од возило во две лица, еден починат

Од:

Пукање во скопски Бутел ги вознемири жителите, а станува збор за престрелка во која едно лице е убиено. Убиството се случи доцна вечерва, на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“. Од МВР за „А1он“ велат дека од првичните информации знаат дека е пукано од возило кон друго возило марка „голф“ во кое се превезувале две лица, а од кои едниот е убиен.

„Во СВР Скопје околу 22 часот пријавено е пукање од возило кон друго пмв ‘голф’ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, одосно на паркингот. Во возилото ‘голф’ во кој било пукано, биле две машки лица, од кои едно им подлегнало на повредите во Клинички Центар. Увидна екипа на терен се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за „А1он“.

Во меѓувреме, се пласираа неофицијални информации дека убиениот маж и е познат на полицијата од претходни престрелки. Неговото име се поврзува и со пукањето во хотелот Александар Палас, во декември 2019 година. Тогаш, неофицијално беше соопштено дека сега убиениот, тогаш бил таргет.

Детали за вечерашната престрелка, се најавуваат откако ќе биде направен увид.

Би можело да ве интересира

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме