Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Од:

Две лица, татко и син се убиени, а убиецот се самоубил ноќеска во Прилеп. Според првичните сознанија, 63-годишнен прилепчанец прво го лишил од живот својот 43-годишен внук од сестра и неговиот 12 годишен син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања, а потоа се самоубил.

-Таткото и синот отишле во куќата на вујкото на улицата „Стеван Апостолоски“ околу 15 до 16 часот. Освен вујкото немало никој друг во куќата. Инаку, претходно вујкото му ја препишал куќата на внукот. Не се знае што се случувало наредните часови само се знае дека таткото и 11-годишниот син биле убиени со пиштол пред да стигне полицијата околу 22 часот. Ова е утврдено зашто соседите слушнале истрели, вели јавниот обвинител Стевчо Биноски.

Сопругата на убиениот викнала полиција откако се загрижила што со часови ги немало нејзиниот сопруг и син. Полицијата пристигнала пред куќата околу 22 часот и кога се обидела да влезе, убиецот им фрлил бомба која полуексплодирала, но, не предизвикала никакви повреди.

-Полицијата ја ангажираше единицата тигри која потоа околу еден часот по полноќ влезе во куќата и ги најде трите мртви тела, вели јавниот обвинител Стевчо Биноски кој направи увид на местото на трагедијата која ги шокираше прилепчани.

Би можело да ве интересира

Тешко семејно злосторство во Загорје: Пронајдени мртви маж и жена

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

(ВИДЕО) Детали за убиството во гостиварско: признанието на сопругата на осомничениот ја откри локацијата на телото

Пронајдено закопано тело на жена во Гостиварско, двајца осомничени

Катерина Ѓуровски

Девојка замрзна до смрт, партнерот обвинет за убиство

Трагедија во Меѓумурје: Ја уби невенчана сопруга, па ја застрела нејзината сестра, полицијата трага по осомничениот

Горан Наумовски