Уапсено лице кое се движело со камења и чекан кон Собранието, хоспитализирани двајца полицајци

Од:

Двајца полициски службеници се повредени и хоспитализирани, за време на денешниот протест против францускиот предлог.

Според информациите од терен, полицијата приведе лице кое се движело кон Собранието со чекан и камења во себе.

Претходно денеска, дојде до насилство кај трговскиот центар „Мавровка“ кога група лица со камења и стаклени шишиња ги нападна демонстрантите додека се движеа кон Министерството за надворешни работи.

Дел од групата беше и вооружен маж кој се закануваше со пиштол, а подоцна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека пиштолот бил наменет за него. Неофицијално тој е приведен во полициската станица во Чаир, а се разботи за газда на хотел лоциран кај Мавровка.

Демонстрантите кои во моментов се наоѓаат пред законодавниот дом бараа провокатори откако шише заврши во едно од прозорците на објектот. На новинарите им рекоа да не снимаат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Влезе во затвор пиштолџијата Кока кој пукаше на протестот кај Скендербег

Кристијан Ландов

Две нови пресуди за инцидентите пред Собранието: Една година затвор за фрлањето молотов коктел кон полицијата, условна за подготовка

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Четири месеци затвор за пиштолџијата што впери пиштол во демонстрантите, па пукаше кај Скендербег

Кристијан Ландов

Приведено уште едно лице за инцидентот кај плоштадот Скендер бег, поднесена кривична пријава

Ана Ололовска

Приведени вкупно десет учесници во денешниот протест пред Собранието

Ана Ололовска

Петмина приведени оти фрлале тврди предмети кон Собранието на денешниот протест

Ана Ололовска