Уапсениот за палењето на автомобилот на пратеникот од Прилеп, го искршил телефонот во полициска станица

Од:

Мажот кој вчера беше уапсен поради сомневања дека има поврзаност со опожарувањето на автомобилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, доби осум дневен притвор. Тој во полициска станица не признал вина ниту дека знае нешто поврзано со случајот, дознава „А1он“. Но, во момент кога бил издаден налог за одземање и вештачење на неговиот мобилен телефон, тој го искршил пред полицајците.

„Лицето е во притвор, но не за делото поради кое првично беше лишено од слобода. Тој е во притвор спречување на службено лице во вршење на службени дејствија. При распит во полициска станица го скршил телефонскиот уред кој требало да биде одземен за вештачење, со цел утврдување на комуникацијата која ја имал во изминатиот период“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Во меѓувреме, приведено е уште едно лице. Полицијата се сомнева дека тој може да има определени сознанија за настанот. Тој не е осомничен, туку од него се земаат само информации.

Последните информации укажуваат дека се одземени и десетици снимки од надзорни камери на локални објекти, лоцирани во близина на куќата на пратеникот каде му беше запален автомобилот. Тие веќе се прегледуваат и се утврдуваат фактите.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава