Уапсени се тројца чешки државјани, кај нив пронајдени се стари монети

Од:

МВР информира дека вчера при контрола на видео надзорен систем на теренот на ПС за ГН Старавина, на местото викано „Брест“ било забележано моторно возило „дачија дастер“ со странски регистерски таблички.

По извршени проверки, во 19 часот, во близина на село Подмол, полициски службеници го пронашле возилото и при извршена контрола констатирано е дека во него биле J.M. (26), Ф.К. (53) и M.H. (47), сите од Р. Чешка, а сместени во закупен стан во Прилеп.

Тие се лишени од слобода и спроведени во ОВР Прилеп.

По наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО Прилеп, извршен е претрес во домот каде што престојувале трите лица, при што е пронајдена метална кутија во која имало 20 стари монети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари