Пронајдени и уапсени Горан Грујевски и Никола Бошковски

Од:

Поранешниот началник во Петтата управа во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, според неофицијални информации вечерва се приведени во Солун.

Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права во предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет.

За нив е распишана меѓународна потерница на 27. јули, откако полицијата не можеше да ги пронајде во нивните домови.

Грујевски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујевски. И за двајцата Врховниот суд ја потврди мерката притвор.

Би можело да ве интересира

Во Загреб уапсен, па ослободен екс разузнавачот Горан Грујевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маричиќ: Грција не може да ги лоцира Горан Грујевски и Никола Бошкоски

Искра Манојлоска

1,5 година затвор за Горан Грујевски

Васко Маглешов

Кој стигна избега – седуммина место в затвор на слобода

Васко Маглешов

Дескоска: Грчкото министерство за права сѐ уште без одговор на барањата за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

Ана Ололовска

„Сите албански“ – во УБК прислушувањето било поделено по етнички групи