Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Од:

Уапсен е дилер во чии стан е најдена дрога, но уапсен се и двајца скопјани кои биле затекнати дека се дрогираат во станот на дилерот.

„ По преземени мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, на 18.03.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во координација Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар, со судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на Г.П.(45) од Скопје.“ велат од МВР.

При претресот на станот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Исто така, при претресот во домот на Г.П. бил затекнат и Д.Ж.(46) од Скопје кој е исто така приведен. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин, велат од полицијата.

Дилерот и двајцата приведени скопјани се уапсени, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син