Уапсени двајца млади штипјани кои превезуваа 23 мигранти од Сирија

Од:

Двајца 18-годишни штипјани се приведени бидејќи превезуваа 23 мигранти од Сирија меѓу кои имало и 10 малолетници. Мигрантите се откриени во Велес откако товарното возило „форд“ излета од патот и падна во ископ.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера околу 20.05 часот на автопатот А1 возачот А.И. од селото Стар Караорман не застанал на знакот на полициските службеници по што влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и паднал во ископ. Притоа, со повреди се здобил еден малолетник, кој е пренесен во болницата во Велес. При приведувањето, А.И. физички нападнал полициски службеник.

По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Велес, а по целосно документирање на случајот се најавуваат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската