Уапсен за убиство– одреден му е притвор, но за да не се компромитира истрагата деталите се во тајност

Од:

Едно лице е уапсено за убиство во Скопје и судот по барање на обвинителството му одредил притвор во текот на вчерашниот ден.

Информацијата ја потврдија и од Кривичниот суд во Скопје

„ Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на 31.05.2023 година, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, го прифати предлогот и на едно лице му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Убиство од чл. 123 од КЗ.“, велат од судот

Кривичното дело 123 е делото убиство, но од судот не дадоа конкретни информации за кое убиство е уапсениот осомничен. Со оглед да се работи за истражна постапка за сите останати детали надлежно е јавното обвинителство.

Од Обвинителството за А1он го потврдија настанот, но без повеќе детали бидејќи се работи за предистражна постапка и сензитивни информации.

„ Со оглед на тоа што во предметот во кој е определен краткотраен притвор за едно лице постои сериозна можност за компромитација на истрагата во оваа фаза, во интерес на тајноста на постапката не сме во можност да споделуваме никакви детали.“ велат за А1он од обвинителството.

Ова е стандардна процедура која ја налага законот, а се со цел поефективно спроведување на истрагата. Бидејќи со изнесување детали во врска со случај кој се уште не е целосно расчистен или документиран освен што може да се наштети на истрагата истовремено се отвара сомнеж и во постапувањето на судските служби кои работат по стрикни протоколи за заштита на податоците.

 

Би можело да ве интересира

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски