Уапсен познат македонски кардиолог во Косово

Од:

Во Косово е уапсен македонскиот кардиолог, Борче Петровски, објавува косовскиот весник Експрес, повикувајќи се на свои извори.

Со него се уапсени уште осум познати лекари, а групата потпишувала договори за соработка за обезбедување здравствени услуги кои не се нудат во јавните здравствени установи во Косово, туку во тамошните приватни болници.

Петровски во Косово беше приведуван и во 2007, но ослободен поради немање на докази.

Инаку Петровски е поранешен директор на Клинички Центар и поранешен директор на Клиника за кардиологија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он