Гостиварската полиција вчера околу 10.30 часот на улица „Панче Поповски“ го уапси 54-годишниот С.Ј. од Охрид.
Според МВР, тој се сомничи дека на подрачјата на Гостивар, Кичево, Охрид и други места извршил повеќе кражби на велосипеди, кои потоа ги продавал во други места.
Тој бил задржан во полициската станица и против него ќе следува соодветен поднесок.