Уапсен криумчар на мигранти кај Гевгелија

Од:

Синоќа околу 20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци, полициски службеници го уапсиле М.К.(21) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Според МВР, претходно, кај гевгелиското село Негорци, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ кое M.K. го управувал, но тој продолжил со движење и во близина на Негорци го запрел возилото и се обидел да побегне, по што бил фатен и уапсен.

„При преглед во возилото биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Сирија, еден од Непал, еден од Египет и еден од Палестина. Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод