Уапсен криумчар близу Кратово, полицијата во џип пронајдени мигранти од Сирија

Од:

МВР соопшти дека денеска во пет часот во кратовското село Трновац, на местото викано Златановци, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(19) од велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 1.8.2023 во 20.30 часот на автопат Куманово-Табановце полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес мл 320“ кое не застанало и кај место викано „Поповски рид“ пред селото Страцин излетало од коловозот, а возачот и мигрантите се дале во бегство.

По преземени мерки биле пронајдени девет мигранти од Сирија, кои биле пренесени во транзитниот центар „Табановце“, а по преземени дополнителни активности е пронајден и Х.Д., кој со возилото ги превезувал мигрантите.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица