Уапсен е возач кој е осомничен за денешната тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Од:

Полицијата извести дека е уапсен 19-годишен возач кој е осомничен за предизвикување на денешната сообраќајна несреќа во која загина едно лице.

Како што извести полицијата, денеска во 15.50 часот на автопатот Тетово-Гостивар се случи сообраќајна несреќа помеѓу возило “пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило “мерцедес” со регистарски таблички од Р.Словенија, управувано од А.А. (19) од с. Градец.

На местото на настанот почина Д.М. (81) од Охрид, сопатничка во возилото “пежо”, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.В. (47) и С.В. (69) од Охрид, сопатници во возилото “пежо”, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба возачот А.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Смртоносна експлозија во Кабул: Плинска боца однесе најмалку осум животи

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски