Уапсен 19 – годишник за убиство на 18 – годишно момче во шума кај Сарај

Од:

Деветнаесетгодишник од скопското село Бојане е лишен од слобода под сомнение дека го убил 18-годишниот Б.Д., исто така од Бојане, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, на 17 мај 2026 година во 00:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Б. (19) од село Бојане поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

На телефонската линија 192 претходно се јавил неговиот татко И.Б., кој пријавил дека неговиот син му признал дека на 15 мај, во шума во околината на Сарај, со пиштол го усмртил Б.Д. (18).

По пријавата, полицијата го привела осомничениот, а биле пронајдени и телото на жртвата, како и пиштолот со кој, според првичните информации, е извршено убиството.

По целосно документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери