Туск во Скопје на средби со Заев и Пендаровски

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска престојува во посета на Република Северна Македонија.

Туск ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

По средбата со Заев предвидена е заедничка прес-конференција во 12:15 часот во Владата.

Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полска ѝ рече „не“ на Украина

(ВИДЕО) „Ја сакам демократијата“: Туск го слави поразот на републиканците и испрати порака до Трамп

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Туск ја исмеа можноста Орбан да стане генерален секретар на ОН: „Ова е апсурдно“

Туск обвини за саботажа: Пожарот е намерно подметнат