Туск: Реформата за проширување на ЕУ не треба да биде штетна за Западен Балкан

Од:

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), донеодамнешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск му забележа на францускиот претседател Емануел Макрон за односот кон Западен Балкан и предупреди дека процесот за проширување не смее да биде штетен за Северна Македонија и за Албанија.

– Можам да се согласам дека на процесот за проширување му е потребна реформа, како што бара Макрон, но не на штета на тие земји. Спротивставувањето е стратешка и геополитичка грешка, бидејќи на Унијата и е потребен стабилен Балкан, истакна Туск во интервју за полскиот весник „Газета виборча“.

Туск упати критики до Макрон поради блокирањето на почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија и за Албанија, предупредувајќи дека станувало збор за формално започнување на преговори, односно да се даде позитивен сигнал кој му е потребен на Западен Балкан, а не да се потврдува проширувањето.

– Ако кон Макрон треба да се однесуваме како кон европски лидер, тогаш тој мора да чувствува одговорност за цела Европа, а не само за Франција. Тоа секогаш била карактеристика на Ангела Меркел. Секој греши, но таа секогаш истовремено мисли на Европа како целина и е подготвена да посвети некои внатрешни интереси поради одбрана на Европа како целина, нагласи Туск.

Новиот претседател на ЕПП, исто така, во интервјуто го критикува Макрон за односот кон НАТО.

– Мораме да бидеме сега многу внимателни во овој критичен момент кога во Вашингтон првпат имаме претседател кој е отворено против ЕУ како партнер против Европа. Но претседателите доаѓаат и заминуваат. И иако сега имаме сезонски проблеми со Трамп, токму Макрон, како еден од најважните европски лидери, треба силно да ги чува нашите односи со САД, изјави Туск.

Тој се осврна и кон позитивните изјави на Макрон за Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин.

– На сум толку разочаран, колку што сум дезориентиран. Што сака тој да постигне, кои се неговите вистински цели? Се надевам дека Макрон ќе остане доследен да ја заштити Украина од Русија. Доколку не успееме да ја заштитиме, тоа ќе биде проблем за цела Европа, бидејќи украинското прашање не претставува нас – Европа со нејзините принципи, нагласи Доналд Туск.

Би можело да ве интересира

ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара нивно одложување

А1он

Се вжештува атмосферата меѓу Грција и Турција, Мицотакис побара итен самит на ЕУ

Горјан Грнчаровски

Европската комисија ќе финансира 128 милиони евра на истражувачки проекти во борба против Ковид-19

Здравствената агенција на ЕУ ги повика земјите да ги вратат на сила заштитните мерки

А1он

ЕУ: Вакцината против Ковид-19 ќе биде безбедна и достапна за секого

ЕУ нема став за повлекувањето на американската војска од Германија

А1он