А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Туск идната недела пак во Македонија за мигрантската криза

by А1он29/03/2017 - 13:03223
Share0

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, идната недела ќе ја посети Република Македонија, дознаваме од дипломатски извори од Брисел. Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, повод за посетата на првиот човек на Евросоветот е мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и политичката состојба во македонската држава.

Следете a1on на Instagram Instagram

Посетата на Туск на Македонија ќе се случи во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, а како последица на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција и заканите за раскин на договорот за мигрантите. Имено, најавите од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на приемот на мигранти, претставува голема закана за Европа и пред се за балканските држави, што е причина за аларм во Европската Унија.

Инаку, ова ќе биде трета посета за две години на Доналд Туск на Република Македонија, а како и на претходните две гостувања, и овојпат домаќин на Туск во Скопје ќе биде македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

На последната средба во март 2016 година, Туск и Иванов дискутираа за постигнување на заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. На тогашната средба, Иванов предупреди за илегалната миграција и насилното влегување во Македонија, децидно укажувајќи дека Република Македонија нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза. Македонскиот претседател тогаш порача дека Македонија ќе ги преземе сите активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност, што за цело време и го прави.

Следете a1on на Youtube YouTube
esmigranti

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:08

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео