Турска делегација ја посети општина Гостивар – искажаа подготвеност за поддршка и инвестиции

Од:

Делегација од Република Турција, составена од професори од Универзитетот „Сулејман Демирел“ – Испарта, претставници на владејачката партијата АК Партиси, интелектуалци и новинари одржаа работна средба со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Пријателите од Турција, му ја честитаа на градоначалникот Таравари новата функција, посакувајќи му успешна работа во четиригодишниот мандат. Тие ја изразија подготвеноста и интересот на Република Турција за поддршка и инвестирање во институции каде што се третираат деца со Даунов синдром, аутизам и други пречки во развојот, како и за професионално надградување на дефектолози, психолози и на други стручни лица кои се занимаваат со овие прашања.

Градоначалникот Таравари рече дека за време на кампањата ги презентираше своите ставови за лицата со посебни потреби и дека по ова прашање ќе се разговара и на средбата со турската амбасадорка.

„Уште во првите денови од мојот мандат, остварив средби со невладини организации кои се занимаваат со ова прашања и учествував во нивни активности за да ја покажам конкретната поддршка што ја имаат од мене и од страна на мојот тим”, истакна Таравари.

На состанокот присуствуваа и претседателот на Турското движење за национално единство (ТМБХ), Ердоган Сарач и општинскиот советник од редовите на оваа партија, Ертан Јакупи.

Во рамките на посетата турската делегација ќе ги посети просториите на поранешниот Факултет за технологија на храната, каде што ќе врши теренски истражувања во соработка со Општина Гостивар за модалитетите за рационално користење на овој објект.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски