Туристичките работници ја поздравуваат најавата за давање на Попова Шапка под концесија

Од:

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија ги поздравува најавите за давање на Попова Шапка под концесија, на инвеститор.

-Сметаме дека е тоа добра идеја. Всушност, добра е секоја идеја што носи нови содржини и можности. Не слушнавме како ќе се продава Шапка, но какво решение и да се донесе сметаме дека е добро зашто таму ништо не се случува со години, изгубени се многу работни места. Има некој вид туризам кој е интересен, но Попова Шапка има голем потенцијал кој заслужува да биде искористен, рече заменик-претседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Александар Кузмановски, одговорајќи на новинарски прашања на онлајн-прес-конференцијата на која беа соопштени предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека има интерес за дел од државните компании, но на продажба ќе се понудат и државно земјиште и капацитети како Попова Шапка и Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси. За зимскиот центар на Шар Планина, истакна, се размислува да се настапи заедно со Брезовица, на косовската страна на планината, за што имало заинтересираност во Косово.

Би можело да ве интересира

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Намалена видливост поради магла на патот Тетово – Попова Шапка

Провејува снег на Попова-Шапка и на преминот Пресека

Снег од 40 сантиметри во Маврови Анови и Попова Шапка

Предраг Петровиќ

На Попова Шапка најстудено со – 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри