А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Туристичките центри полни со гости за Велигден

by А1он15/04/2017 - 14:45113
Share0

Зголемен е бројот на гости во македонските туристички центри за време на велигденските празници и продолжениот викенд.

Добивај вести на вибер

Сметувачките капацитети во Дојран се целосно исполнети, Охрид и ривиерата бројат главно домашни и туристи од соседните држави, а во Берово се бара место повеќе.

Причина за зголемената посетеност е и совпаѓањето на празникот кај православните и католичките христијани.

На терасите во охридските кафулиња и рестораните е преполно и поради убавото време, а голема гужва, вообичаено, има и за паркирање на возилата. Иако нема конкретни податоци за бројот гости бидејќи не се сите хотелски капацитети отворени во ова време од годината, сепак оние што работат се со солидна посетеност, околу 80 проценти.

Капацитетите во Дојран, како што информира Туристичкото биро, се целосно пополнети, и приватните и комерцијалните. Проценката е дека има преку 10.000 туристи, повеќето домашни. Има туристи и од странство, помалку од Србија, а многу повеќе од Грција кои доаѓаат на еден ден. Градот е подготвен за приливот на гости, рестораните и кафулињата се погрижија да им организираат забави и журки на плажа во вечерните часови.

За велигденските празници полно е и Берово. Според туристичките работници, зафатени се сите сместувачки капацитети, а најбројни се гостите од Македонија и Бугарија. Резревациите за Велигден се направени уште пред еден месец. Туристичкиот пакет на Малешевијата е исполнет со многу традиција, домашна малешевска храна, прошетки, велосипедски и пешачки тури, посета на бачилото Клепало, но и на историски знаменитости.

Резервациите за туристичките центри се во тек и за првомајските празници.

turizam

Би можело да ве интересира

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Предраг Петровиќ20/08/2025 - 17:03

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Предраг Петровиќ15/08/2024 - 19:35

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски29/12/2023 - 08:0129/12/2023 - 08:03

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски28/12/2023 - 10:2328/12/2023 - 10:32

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски21/07/2023 - 15:1421/07/2023 - 16:25

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он02/09/2021 - 16:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен