Туристичките атракции на Охрид и Југозападниот регион достапни преку андроид апликација на „Play store“

Од:

Атрактивните туристички локации во Охрид и во регионот на Југозападниот плански регион од денеска ќе бидат достапни за туристите преку соодветна андроид апликација „Southwest Macedonia Attractions“ што ќе можаат да ја симнат преку „Play store“.

На денешната презентација на апликацијата  беше појаснето дека станува збор за активност реализиран преку Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка. Истата претставува своевиден водич за туристите низ регионот, но и корисна алатка која треба да придонесе за поголема промоција на туризмот, велат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

– Апликацијата е една алатка која ќе им послужи на туристичките водичи и работници и секако на туристите. Тие преку „Play store“, ќе може да ја симнат андроид апликацијата и на некој начин да ги води низ регионот до сите културни и природни туристички атракции, изјави Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Андроид апликацијата е на англиски јазик и ја изработи специјализираната IT компанија „GDi“. Апликацијата користи ГИС мапи, содржи пребарувања по општини и категории. а нуди и можност за оценка на атрактивноста.

– Апликацијата нуди детален опис на секоја атракција и можност за рејтингување, што ќе им овозможи на гостите да се информираат кои се најатрактивните локации во местата кои сакаат да ги посетат, појасни Билјана Манева од „GDi data“.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ