Турците, Грците и Србите најбројни туристи во октомври, Скопје најпосетено

Од:

Туристите од Турција, Грција и Србија биле најбројни во октомври годинава што ја посетиле Македонија. Најпосетено место било Скопје.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Турција изнесувал 5.938, од Грицја 4.824 и од Србија 3.199.

Скопје го посетиле 21.477 туристи, кои оствариле 42.851 ноќевање.

Вкупниот број туристи во октомври годинава годинава изнесува 61.655, а бројот на ноќевањата 142.503. Споредено со октомври лани, бројот на туристите е намален за 0,7 отсто, а бројот на ноќевањата за 0,9 отсто.

Во октомври годинава, во однос на октомври лани бројот на домашни туристи е намален за 5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,8 отсто. Во истиот период евидентирано е намалување на бројот на ноќевањата на домашните туристи за 6,7 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3,5 отсто.

Во периодот јануари-октомври 2015 година, споредено со истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,7 осто, а кај странските има зголемување  за 14 отсто. 

Во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на истиот период лани бројот на ноќевањата е зголемен за 8,4 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,6 отсто, а кај странските има зголемување за 12,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ