Тур оператори од Казахстан на инфо тура во Македонија

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам организираше инфо тура во Македонија за тур оператори од Казахстан.

Како што информира Агенцијата, за време на престојот гостите од Казахстан остварија  30 средби со претставници од приватниот туристички сектор на Македонија и ги разгледуваа потенцијалите за вклучување на земјата во нивната туристичка понуда, а најголем впечаток оставиле природата, езерата, спа туризмот и друго.

Инфо турата беше организирана во соработка со Илија Псалтиров, амбасадор на Република Македонија во Казахстан.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ќе продолжи со иницијативата за  поддршка на приватниот сектор преку директно поврзување со странските тур оператори.

Би можело да ве интересира

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

А1он