Тур оператори и новинари од Албанија ќе ги посетат Струга и Охрид

Од:

Тур оператори и претставници на медиуми од Албанија викендов ќе престојуваат во Охрид и Струга за да се запознаат со туристичките потенцијали на овие два града.

Тие ќе присуствуаат на традиционалната манифестација „Денот на Езерото“ што се одржува секоја година на 21 јуни. Планирани се средби со сопственици на сместувачки единици, хотелиери, тур оператори како и со градоначалниците на општините Охрид и Струга.

Посетата на Македонија ја организираат Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и економскиот промотор за Албанија и Косово Фатос Мустафа во соработка со Општина Охрид, Општина Струга и Здружението на хотелиери на Македонија (ХОТАМ). Целта е да се зголеми интересот на туристи за Македонија и да се прошират можностите за економска соработка меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски