Туомиоја: Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ

Од:

Финска секогаш отворено го поддржува проширувањето на Европската унија и е подготвена по петти пат да ја поддржи препораката за почнување преговори со Република Македонија, истакна во Скопје финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја  на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, шефот македонската дипломатија Никола Попоски.

– Сите знаеме на кои прашања во преговорите ќе треба да се фокусираме, а тоа се демократијата, слободата на медиумите. Тука сме за помош, а не за критика, истакна Туомиоја.

Во однос на можна помош во надминување на спорот со Грција, шефот на финската дипломатија со став дека секогаш е најдобро страните сами да изнајдат решение бидејќи никој нема корист од тоа што проблемот останува.

Попоски подвлече дека Грција не успеа да убеди никого оти сака напредок во евроинтеграциите на Македонија. Во контекст на претстојното грчко преземање на претседавањето со ЕУ, македонскиот министер за надворешни работи очекува Грција пред се да го докаже декларираното лидерство во регионот и да се држи до Солунската агенда.

– Единствено нешто што го видовме во овој период е или избегнување на дијалог или каков било напредок. Единственото што беше презентирано од нивна страна во досегашните разговори беше настапот со премногу лоши предлози да се креира перцепција со која многу лош предлог би изгледал одличен. Но, она што ни е потребно е да се покаже одредено лидерство во регионот и да се потврди Солунската агенда во 2014 да се овозможи напредок во делот со отпочнување преговори до Македонија. Тоа би бил најважниот заклучок кој би можеле да го извлечат нашите грчки соседи во овој контекст, рече Попоски.

Во однос на заштитната мерка усвоена неодамна од Европскиот парламент за можно враќање на визите, финскиот министер Туомиоја истакна дека станува збор за превентивна мерка донесена од политички причини и се надева дека никогаш нема да биде применета.

И министерот Попоски дециден дека рестрикциите не се пат за интеграција на регионот.

Шефот на финската дипломатија Ерки Туомиоја  денеска се сретна и со Радмила Шекеринска, претседател со Националниот совет за евроинтеграции.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел